Претставена е новата конзола PlayStation 5 која чини вртоглави половина милион долари.
Caviar ја подготви конзолата PS5 украсена со 18-каратно злато. Компанијата планира да понуди само 9 примероци, а секој од нив чини 499.999 долари.
За производство на ваква конзола се потребни 4 месеци, а Caviar за овој проект соработува со партнер кој е специјализиран за златен накит.
Да се потсетиме дека стандардниот PS5 на пазарот чини 499 долари.