ФОРМУЛА 1 2023

Леклер: Ова е најлошиот почеток на една сезона

Ф1
Ф.З.
/ 03.04.2023 / 13:23

Шарл Леклер е фрустриран од „најлошиот почеток“ на сезоната досега, откако освои само 6 поени во првите три трки, но не го обвинува Ленс Строл за откажувањето од ГН на Австралија, туку смета дека тоа е тркачки инцидент.

Леклер имаше лоши квалификации во кои ја освои само седмата стартна позиција поради фокусираноста на Ферари на поставките за трка и недоволната подготовка на пневматиците во студени услови.

Но, трката траеше само три свиоци за Леклер, откако имаше контакт со Строл во Астон Мартин во третиот свиок, што го испрати во стапица од чакал од која не можеше да излезе.

Ова е најлошиот почеток на Леклер во една сезона откако пристигна во Ферари во 2019 година, бидејќи освои само 6 поени во првите три трки за седмо место во Саудиска Арабија, а само во 2018 година, во неговата прва Ф1 сезона со Алфа Ромео Заубер, има помалку бодови бидејќи тогаш не освои ниту бод во првите три трки.

Бодовното салдо на Леклер е во особено силен контраст со ситуацијата од минатата сезона кога имаше две победи и едно второ место на првите три трки, како Верстапен оваа сезона.

„Фрустриран сум, очигледно ова е најлошиот почеток на сезоната. Мислам, имам само 6 бода, па тоа фрустрира“, изјави Леклер.

Remote video URL

„Бев внимателен во првиот свиок, не сакав да ризикувам. Во кривината 3, искрено не планирав да направам никакво претекнување, но Ленс мораше многу да забави додека сопираше затоа што Фернандо мораше, поради болидот напред. И тогаш видов дека има празнина однадвор и тргнав. За жал, Фернандо мораше уште повеќе да го забави болидот кон крајот на сопирањето и Ленс се најде меѓу мене и Фернандо и имавме контакт. Очигледно не го обвинувам Ленс. Мислам дека тоа е тркачки инцидент. Но, тоа е само многу фрустрирачки бидејќи крајниот резултат е да си одам дома без бодови“.

Строл се согласи со Леклер дека се работи за тркачки инцидент.

„Мислам дека, искрено, тоа беше тркачки инцидент. Станува толку тесно, оваа патека е тесна, влегувајќи во кривината 3, закочив меѓу него и Фернандо, не се мрднав, а потоа некако останав во сендвич и потоа имавме контакт. За него беше жално и среќа за мене што не направив никаква штета или нешто слично“, изјави Строл.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе