Мајами Хит и тренерот Ерик Сполстра ќе го продолжат договорот на уште осум сезони со еден од најголемите договори во историјата на НБА, кога е во прашање професијата тренер, вреден 120 милиони долари.
Повеќе платен од него останува само Грег Попович, кој за петгодишната верност кон Сан Антонио Спарс добива 80 милиони долари, односно 16 милиони годишно. Тоа е за милион повеќе од тренерот на Хит. На третото место е Монти Вилијамс, кому Детроит Пистонс, најлошиот тим во лигата сезонава, му плати 78,5 милиони долари за шест сезони.
По Попович, Сполстра е втор тренер со најдолг стаж во еден клуб бидејќи ова му е 16-та сезона во НБА на кормилото на Мајами. Главниот тренер на Хит шестпати стигна до финалето на НБА, а двапати го освојуваше шампионскиот прстен. Според бројот на победи тој е најуспешниот стратег во историјата на оваа франшиза од Флорида.
Мајами моментално е седми во Источната конференција на НБА лигата со 21 победа и 15 порази, но треба да се очекува влез во плеј-офот до крајот на првиот дел.