ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Манчини: Италија заслужи да биде во Катар

Роберто Манчини повторно се наврати на елиминацијата на Италија од Македонија и второто по ред пропуштено Светско првенство.

Исто како и во 2018 година во Русија, „Аѕурите“ и сега се приморани да го гледаат најголемиот фудбалски турнир од дома. Болна реалност за италијанските навивачи по разочарувачкиот пораз од Македонија во мартовскиот бараж. Манчини одлучи да не си поднесе оставка по таа катастрофа најавувајќи препородување на Италија за ЕУРО 2024.

Зборувајќи на прес-конференција пред вечерашниот пријателски натпревар со Албанија, Манчини повторно изјави дека Италија заслужила да игра на Мундијалот.

„Ова ќе биде тежок месец... само што започна. Среде горчината што ја чувствуваме во моментов, мораме да играме натпревари, има работи кои треба да се видат и евалуираат“, почна тој.

„Од март имам емоционални потешкотии. Заслуживме да бидеме на Мундијалот, но за жал си ја прокоцкавме шансата. Фудбалот е таков - после огромна радост дојде огромно разочарување и не можеме да направиме ништо околу тоа. Светско првенство без Италија е поинакво. Мора да работиме на вистинскиот начин за да бидеме сигурни дека ова нема да ни се повтори“, додаде.

Италија минатото лето го освои ЕУРО 2020 по што потфрли во квалификациите, прво неуспевајќи да го задржи првото место за директен пласман, кое го грабна Швајцарија, а потоа беше елиминирана од Македонија во баражот со гол во последните моменти.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе