Маричиќ: Од екстрадицијата на Груевски не се откажуваме

Државата презема сè што е во нејзина моќ да добие екстрадиција на Никола Груевски назад во земјата. Од екстрадицијата не се откажуваме и ќе продолжиме активно да работиме со цел враќање на Груевски дома, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за МИА.

Државата, како што истакнува Маричиќ, не е лимитирана во однос на тоа колку пати може да побара на екстрадиција на лицата кои се во бегство.

– Одлуката на Уставниот суд да ја прогласи за уставна одлуката за повлекување на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов е нов момент во овие случаи. За поранешниот премиер досега се поднесени две барања за екстрадиција, едно на 20.11.2018 година и друго на 13.6.2019 година. Од екстрадицијата не се откажуваме и ќе продолжиме активно да работиме со цел враќање на Груевски дома, вели Маричиќ.

Барањата за екстрадиција, како што додава, се постапки со странски држави кои секогаш го имаат последниот збор во поглед на екстрадицијата.

– Одговорите или причините за одбивање се секогаш различни – некогаш сторителот не може да биде лоциран, некогаш се одлучува да не се екстрадира, некогаш постапката продолжува и се бараат дополнителни материјали. Наше е никогаш да не се откажеме да го исполниме барањето на правосудните органи сторителите на кривични дела да бидат донесени во Северна Македонија и сме во постојана комуникација за сите предмети кои се во тек, истакнува министерот за правда во интервјуто за МИА, кое наскоро ќе биде објавено во целост.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Read more

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more
 

Вести

  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе