Маж во САД уби 6-годишно момче бидејќи е муслиман, било избодено 26 пати

Макфакс
/ 16.10.2023 / 08:25

Маж во САД е обвинет за убиство и други злосторства од омраза откако избодел 6-годишно момче и 32-годишна жена само затоа што биле од муслиманска вероисповед. Џозеф Чуба (71) со нож нападнал две лица во Плејнфилд, Илиноис, при што усмртил малолетник и повредил една жена.

Полицијата соопшти дека нападот бил поттикнат од тековниот конфликт меѓу Хамас и Израел. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека му се гади од овој напад врз мајка и син, кои биле Палестинци-Американци.

„Ваков ужасен чин на омраза нема место во Америка. Тоа е спротивно на нашите основни вредности. Како Американци, ние мора да ја отфрлиме исламофобијата и сите форми на нетолеранција и омраза“, рече Бајден.

Чуба е обвинет за убиство од прв степен, обид за убиство од прв степен, злосторства од омраза и тежок напад.

Remote video URL

Во саботата наутро, полицијата добила повик од жена која рекла дека била нападната од сопственикот на станот каде што живеела, во Плејнфилд и дека истрчала во бањата.

Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, затекнале жена и момче со повеќе убодни рани во градниот кош, торзото и горните екстремитети. Двете жртви биле пренесени во болница, но момчето починало. Подоцна било утврдено дека детето било избодено 26 пати. Мајката има сериозни повреди, но лекарите очекуваат таа да преживее, пишува BBC.

Полицијата го пронашла Чуба како седи на земја во близина на патеката на станбената зграда, се вели во соопштението.

„Детективите утврдија дека двете жртви во овој брутален напад биле цел на осомничениот бидејќи биле муслимани. Нападот бил поттикнат од конфликт во кој биле вклучени Хамас и Израел“, додаваат од канцеларијата на шерифот.

Убиеното момче Вадеа ал Фајуме е родено во САД, додека неговата мајка Ханаан Шахин, по потекло од Западниот Брег, дошла во земјата пред 12 години. Вадеа имал роденден пред неколку недели.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе