Медведев: Америка и НАТО ѝ објавија војна на Русија

Високи руски функционери денеска продолжија да ги обвинуваат САД и Западот за одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го суспендира договорот за контрола на нуклеарното оружје Нов СТАРТ. Одлуката допрва треба да ја потврди рускиот парламент, но никој не се сомнева дека тоа ќе се случи.

Поранешниот руски претседател и близок соработник на Путин, Дмитриј Медведев, кој во моментов е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, вели дека потегот бил задоцнет бидејќи, како што тврди, САД и НАТО практично ѝ објавиле војна на Русија.

„Ние бевме принудени да ја донесеме оваа одлука поради војната што Америка и другите членки на НАТО ѝ ја објавија на нашата земја. Оваа одлука ќе има огромно влијание во светот, особено во САД“, објави Медведев на својот канал на Telegram.

И шефот на руската Дума, долниот дом на парламентот, исто така ги обвини САД за суспензија на договорот од Русија.

„Америка одбива да дејствува во согласност со своите обврски, а исто така ги отфрли предлозите на нашата земја за глобалните безбедносни прашања. Така, ја уништи архитектурата на меѓународната стабилност“, рече шефот на Думата, Вјачеслав Володин.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе