ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Меси, голманот и Аргентина под истрага на ФИФА

Многу грди слики и коментари го следеа натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство. Еден од оние кои се најде во центарот на вниманието, поради повеќе причини е голманот Емилиано Мартинес. Но, со него и со Лео Меси, кој не се однесуваше како што сме навикнати од него.

Мартинес одбрани два пенала, но два дена по натпреварот тој е во центарот на вниманието поради неговите изјави и однесување што доведе до тоа Дисциплинската комисија на ФИФА да отвори постапка против него.

По изведувањето на пеналите Мартинес дојде до клупата на Холандија и му дофрли на тренерот на „Лалињата“, Луи ван Гал:

„Те по*бав двапати, педеру“, му се нафрли Мартинес на Ван Гал додека тренерот на голманите на Аргентина се обидуваше да го смири.

По натпреварот тој се обиде да ја објасни својата реакција:

„Слушнав дека Ван Гал пред натпреварот рекол дека Холандија има предност и дека ќе победи доколку има пенали. Мислам дека требаше да ја држи устата затворена“.

Мартинес алудира на тоа дека Ван Гал го сметал својот два метра висок голман Ноперт за далеку подобар од Аргентинецот.

Откако судијата Лахос, кој покажа дури 18 жолти картони на овој натпревар, што само по себе е рекорд на Светските првенства, пријави што се случило, но и поради изјавите кои биле упатени кон самиот судија, ФИФА покрена истрага.

„Дисциплинската комисија на ФИФА отвори постапка против Аргентинската фудбалска асоцијација за можни прекршувања на членот 12 (недолично однесување на играчите и официјалните лица) и членот 16 (нарушување на редот и безбедноста на натпреварите) од Дисциплинскиот законик“, се вели во соопштението на ФИФА.

Сепак, Аргентинците не се плашат само од потенцијалната суспензија на Мартинес пред дуелот со Хрватска.

Во непријатна ситуација со изјавите по натпреварот се стави и Лионел Меси, кој го коментираше судењето и рече дека Холандија израмнила по непостоечки фаул, а додаде и низа други критики кон судијата Лахос, чие судење го оцени како „општо лошо“.

Инаку, постапка по истиот основ е покрената и против Кралската фудбалска федерација на Холандија чии играчи при пенал-рулетот константно ги провоцираа Аргентинците, кои потоа за одмазда в лице им славеа на Холанѓаните.

Аргентина во вторник од 20 часот во полуфиналето ќе игра против Хрватска.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе