УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Милан постави нов италијански рекорд - 3 кола во ЛШ без постигнат гол

Филип Здравески
/ 26.10.2023 / 08:34

Со синоќешниот убедлив пораз во Париз тимот од Милано постави неславен рекорд помеѓу клубовите од Чизмата со тоа што во првите три кола од Лигата на шампионите не постигна ниту еден гол.

Откако сезоната во фазата по групи ја отвори со реми без голови дома против Њукасл, натпревар кој „Росонерите“ сѐ уште жалат што не го добија бидејќи ги надиграа Англичаните и се изнапромашија, потоа отпатуваа во Дортмунд на мегдан со Борусија од каде се вратија со истиот резултат - 0:0.

Синоќа гостуваа на „Паркот на принцовите“ кај Пари Сен-Жермен и се вратија со три гола во својата мрежа, но и без постигнат гол, што е причината за поставувањето на овој неславен  рекорд.

Имено, од сите италијански екипи што некогаш играле во фазата по групи од Лигата на шампионите, ниту една немала толку лош напад за во воведните три кола да не успее да постигне барем еден единствен гол. Тоа го направи Милан.

Ако ја гледаме серијата која трае уште од минатата сезона, Милан во Лигата на шампионите нема постигнато гол на вкупно 5 натпревари по ред, со оглед на тоа што двата полуфинални натпревари лани против градскиот ривал Интер ги заврши без да постигне гол.

Така, Милан е и првиот италиајнски тим што во европската елита не постигнал гол 5 натпревари. Сѐ на сѐ, Милан нема гол 497 минути откако последен пат мрежата ја затресе Оливје Жиру лани во 43. минута против Наполи во четвртфиналето.

Милан сезонава има 2 бода од три кола и се наоѓа на последното место на табелата на која ПСЖ води со 6, а Бортусија и Њукасл имаат по 4 бодови. Со три кола до крајот Милан сѐ уште има добри шанси да избори пласман во нокаут фазата, но за тоа ќе мора да почне да постигнува голови затоа што само така се победува.

Покрај „Росонерите“, сезонава на гол се немаат израдувано уште и играчите на португалскиот шампион Бенфика.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе