ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Модриќ за Мбапе: Големите играчи секогаш се добредојдени во Реал

Хрватскиот креативец смета дека одличниот играч на ПСЖ перфектно би се вклопил на „Сантјаго Бернабеу“ доколку на лето направи трансфер.

Модриќ и Мбапе со индивидуалните награди на Мундијалот во 2018

Лука Модриќ фрли масло на распалениот оган кој гори сѐ посилно и посилно кога се во прашање шпекулациите за наводниот трансфер на Килјан Мбапе во Реал Мадрид.

„Слушаме најразлични приказни околу тоа кои играчи би дошле и кои би си заминале“, вели Модриќ зборувајќи со новинари од својата татковина околу летниот трансфер пазар на неговиот клуб.

„Мбапе е голем играч и тоа го докажа со националниот тим и со ПСЖ. Големите играчи секогаш се добредојдени во Реал Мадрид, но сепак не е во ред од моја страна да зборувам за играчи кои се во други клубови, особено не во овој дел од сезоната“, рече Модриќ сепак кажувајќи го најважното.

Мбапе има договор со ПСЖ до јуни 2022 година, така да летово е вистинска шанса за ПСЖ да заработи од негов трансфер во случај играчот да не сака да го продолжи договорот. Летото 2018 „Светците“ на Монако му искешираа 145 милиони евра за неговите услуги, неговата моментална вредност е 160 милиони евра, а веројатно Реал би требал да плати околу 200 милиони евра за евентулаен трансфер.

„Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи нарената сезона, но, во секој случај, тој е одличен играч и е еден од најдобрите во светот“, завршува Хрватот.

Младиот Французин растура сезонава во дресот на ПСЖ постигнувајќи 33 голови на 40 натпревари во сите натпреварувања, плус 10 асистенции.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе