Насловната страница на италијанскиот Vogue за јули ја красат Моника Белучи и нејзината 16-годишна ќерка Дева Касел.
Мајката и ќерката позираат во идентични облеки, а според многумина сличноста меѓу нив двете е очигледна.
Дева и Леони се ќерки од бракот на Белучи со Венсан Касел. Ова не е првпат младата убавица да се најде на насловна страница. Во октомври минатата година нејзина фотографија се најде на насловната на Elle, а во март годинава на Haper’s Bazaar.
Моника вели дека исто како и нејзините врсници, Дева оди на училиште и излегува да се дружи, а во меѓувреме работи како модел.