Моника Селеш: Наоми Осака ми е најслична

Моника Селеш во интервју откри што мисли за денешната генерација тенисери и се спореди себеси со некои од нив.

„Наоми Осака најмногу потсетува на мене во стилот на игра“, изјави некогашната тенисерка.

„Таа е подобра и од мене. Многу агресивна, сè решава со брзо преземање иницијатива. Бам, бам! И сè е готово. Неверојатно е колку добро се движи“, изјави Селеш.

Да не беше Селеш нападната со нож од Германецот Гунтер Пархе на 30 април 1993 година во Хамбург, веројатно ќе беше најдобрата тенисерка на сите времиња. Во тој момент, на 19 години таа веќе имаше освоено 8 Грен слем трофеи на 14 одиграни турнири.

Подоцна се покажа дека проблемот на Моника бил и од психолошка природа.

Тоа е уште една сличност со Осака. Јапонката веќе подолго време има проблем кој нема врска со рекетот. Лани влезе како најуспешна тенисерка, по Серена, со четири Грен слем титули освоени на 23-годишна возраст, но на Ролан Гарос доживеа нервен слом поради неколку прашања за нејзината игра. Одби да дојде на задолжителната прес-конференција, се повлече од турнирот, го прескокна Вимблдон и оттогаш е далеку од врвот.

URL

Секако, проблемот на Моника е многу поголем, бидејќи никогаш во историјата не се случило некој да биде избоден со нож за време на тениски меч, но останува фактот дека таа до крајот на кариерата не успеа да ја врати доминантната позиција во женскиот тенис.

Селеш се присети и на начинот на кој тренирала, нагласувајќи дека односот кон играта е многу поважен од условите за работа.

„Татко ми многу сакаше да игра тенис и нè зеде мене и брат ми. Во тоа време децата не тренираа многу, а на паркингот пред зградата каде што живеевме испружи мрежа меѓу две коли и јас вежбав таму. Вежбав многу и на ѕидот од зградата. Тоа беше многу едноставен почеток“, се присетува Селеш, која е родена во Нови Сад.

По првите успеси, Моника се преселила на Флорида со Нико Болитиери, а веќе на 16 години го освои првиот Ролан Гарос и стана најмладата шампионка во историјата.

Таа титула неколку години подоцна ѝ ја украде Мартина Хигинс.

„Никогаш не сонував за височините до кои ќе стигнам, но она што секогаш беше со мене беше големата љубов кон тенисот. Морам да му се заблагодарам на татко ми за тоа бидејќи секогаш се трудеше да ме натера да уживам во играта дури и во најлудите моменти, кога бев под најголем притисок“, објасни таа.

URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе