ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Мурињо: Бејл мора да си ја заслужи минутажата

Велшката ѕвезда сѐ уште ја бара формата во Тотенхем, а Жозе Мурињо вели дека самиот играч мора да се докаже за да добие поголема шанса на зелениот терен.

Португалскиот стратег вели дека нема туку-така да му даде на Гарет Бејл минутажа на теренот, инсистирајќи дека ѕвездата мора да заслужи такво нешто.

„Не можам да играчите да им давам минутажа, минутажа на терен не е нешто кое јас го давам, така што јас тука немам ништо“, почнува Мурињо.

„Сите знаеме дека имаше потешкотии минатите две сезони, свесни сме дека тука пристигна повреден, а јасно ни е на сите и дека дури и оваа сезона тој игра променливо“.

Бејл во Тотенхем дојде на средината од септември и тоа на едногодишна позајмица од Реал Мадрид. Но, пристигна повреден па дебито го имаше на 1 октомври кога одигра 25 минути во ФА купот. Оттогаш одигра 12 натпревари, најчесто влегувајќи од клупата, додека шанса од почеток добиваше во Лига Европа. Првиот гол по враќањето во Тотенхем го постигна на 1 ноември во победата од 2:1 нас Брајтон & Хоув Албион.

„Најважно за него е да биде доследен, да тренира без проблеми, а кога играчот е редовен на тренинг, тренира со висок интензитет без никави проблеми, тогаш тој играч е подготвен. Но, не подготвен за да добие минутажа, туку подготвен за да заслужи минутажа. За мене тука е разликата“, објаснува Мурињо зошто Бејл не игра.

„Неделава тој ја работеше секоја минута како и сите други, со добар интензитет, па ајде да видиме како ќе реагира со акумулација на таков тренинг до крајот на неделава. Натпреварот со Вајкомб е во понеделник, па имавме уште тренинзи да го следиме. Но, тука игра улога и неговата самодоверба“.

Според ова, Мурињо најави дека има шанса да го видиме Бејл во тимот вечерва во натпреварот од ФА купот на гости кај второлигашот Вајкомб.

„Ако чувствува дека неделава имала позитивен ефект врз него, во однос на самодовербата, тогаш ќе игра“, заврши Португалецот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе