Мурињо: Кој може да каже дека го тренирал Меси? Тоа е апсурдно!

Жозе Мурињо (61) е без работа откако Рома го отпушти кон средината на јануари годинава. Славниот португалски тренер бара нова средина, а во меѓувреме гостуваше во подкастот на јутјуберот Ohm. Меѓу другото, откри кој играч би сакал да го тренира.

„Лионел Меси е пример. Не треба да биде тренерan. Кој може да каже: 'Јас го тренерав Меси?' За мене тоа е апсурдно бидејќи тој знае сѐ и е роден со сѐ. Можеби може да ги научи другите нешто. Би сакал да го тренирам само за да имам чест да се пофалам со тоа“, одговори Мурињо и додаде дека сакал да го има Даниеле Де Роси во Интер и во Реал Мадрид, но тоа не тогаш не било можно.

„Да останам на темата Рома, го сакав Даниеле Де Роси во Интер и во Реал Мадрид, но тоа не беше можно. Го сакав и [Франческо] Тоти во Интер, и покрај неговата возраст, и тоа не беше можно. Тие се играчи кои секогаш сакате да ги тренирате во вашата кариера“.

Remote video URL

Да потсетиме, Меси (36) моментално настапува за Интер Мајами, американски клуб кој се натпреварува во МЛС и чиј тренер е Аргентинецот Херардо Мартино. Мурињо, пак, е еден од најголемите тренери досега, а ги водеше Бенфика, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе