СЕРИЈА А 2023/2024

Мурињо: Луѓето мислат дека се викам Жозе Хари Потер Мурињо и очекуваат чуда

Жозе Мурињо повторно даде легендарна изјава, а во врска со очекувањата на луѓето од неговата работа. „Некои мислат дека сум волшебник“, рече тој, алудирајќи на ликот на Хари Потер од книгите на Џ.К. Роулинг.

Рома синоќа загуби од Милан со 3:1, по што од утринава осамнаа шпекулации дека Мурињо е пред отказ. И покрај солидниот состав кој го има „Волчицата“, на табелата во Серија А е 9-та, зад екипи како Фиорентина, Болоња и Аталанта, но и лутиот ривал Лацио, што најмногу ги боли навивачите. Но, тимот на Мурињо го мачат и повреди, цело време има по неколкумина играчи шпто недостасуваат.

На 20 натпревари сезонава рома има скор од 8 победи, 5 нерешени и 7 порази, со килава одбрана која не делува сигурно со досега примени 24 гола. Воедно, тимот е во серија од три натпревари без победа.

„Тимовите кои целат на четвртото место се посилни од нас. Но, ние сме Рома, а луѓето веруваат дека моето име е Жозе Хари Потер Мурињо, па очекувањата се големи“, рече Мурињо правдајќи се за лошите резултати.

Мурињо ѝ донесе трофеј на Рома кога ја освои Европа конференциската лига во 2022 година, а наредната играше финале во Лига Европа. Но, лани не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, а резултатите сезонава навестуваат дека Рома повторно ќе ја нема во елитата. Последното место кое води во ЛШ го држи Фиорентина со 5 бода повеќе од Рома.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Read more

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more
 

Спорт

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе