Надал и Алкарас го пропуштаат мастерсот во Монте Карло

Во интервал од само половина час двајца од најдобрите светски тенисери објавија дека се приморани да се откажат од настап на турнирот во Монте Карло.

Рафаел Надал прв објави дека нема да учествува откако не успеа да се опорави од повредата на абдоминалните мускули со која се здоби уште во јануари на Австралија опен.

„Сѐ уште на сум подготвен да играм на високо ниво. Нема да можам да играм на еден од најважните турнири во кариерата, Монте Карло. За жал, сѐ уште не можам да играм растеретено, без страв од повреда, но продолжувам со опоравувањето. Се надевам дека наскоро ќе се вратам“, напиша Надал на Twitter.

URL

Не повеќе од половина час откако Надал соопшти дека нема да учествува, истото го објави и неговиот сонародник и втор светски рекет, Карлос Алкарас.

Тој преку социјалните мрежи соопшти дека се повлекува од Монте Карло, исто така наведувајќи проблеми поврзани со повреда.

„По два месеца натпреварување, задоволен сум што се враќам дома, но тажен сум бидејќи полуфиналето во Мајами го завршив со болки. Денеска го посетив мојот лекар д-р Хуанхо Лопес Мартинес во Мурсија и ми беше кажано дека нема да можам да одам во Монте Карло и да играм на земја“, твитна Алкарас.

URL

Откажувањето на Надал и Алкарас практично значи дека најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, има отворен пат кон пехарот во кнежеството, каде титулата освоена лани ја брани Стефанос Циципас.

Мастерсот во Монте Карло се игра од 9 до 16 април.

Веднаш потоа следува турнирот во Барселона, па останува да видиме дали двајцата ќе се опорават и ќе бидат дел од тој собир.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе