КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Најслабата репрезентација во Европа испиша историја

Филип Здравески
/ 21.11.2023 / 13:14

Сан Марино ги загуби сите 10 натпревари од квалификациите за ЕУРО 2024, но токму овој циклус ќе го памети по убаво - успеа да постигне три гола на три натпревари по ред.

Сан Марино е најслабо рангираната репрезентација во зоната на УЕФА, но и во светот. Никогаш не победуваат, понекогаш знаат да одиграат нерешено, па затоа фудбалерите најмногу се радуваат кога ќе постигнат гол, затоа што и тоа многу ретко се случува.

Но, во овие квалификации Санмаринците постигнаа дури 3 гола и тоа на три натпревари еден по друг - нешто што никогаш во историјата не им успеало.

Сан Марино синоќа загуби од Финска на домашен терен со тесни 2:1. До длабоко во судиското надополнување губеа со 2:0, но тогаш добија пенал кој успешно го реализираше Филипо Берарди. За 30-годишното крило на локалниот клуб Космос ова е втор репрезентативен гол откако еден постигна пред 4 години против Казахстан во ЕУРО 2020 квалификациите (пораз од 3:1).

URL

Претходно Санмаринците ги тресеа мрежите и на Данска (1:2, стрелец Алесандро Голинучи) и Казахстан (1:3, стрелец Симоне Франчози), благодарение на што дојдоа до за нив невиден подвиг - 3 гола на 3 последователни натпревари.

URL

Во досегашпните 204 одиграни натпревари Сан Марино победил само еднаш и тоа во 2004 година со 1:0 против Лихтенштајн во пријателски натпревар.

Сѐ на сѐ Сан Марино нема загубено на само 9 натпревари во својата историја, а најважниот резултат е секако ремито без голово против Турција во 1993 година.

Поразите се вкупно 195, имаат постигнато 31 гол, а примени дури 829.

За нивните навивачи веќе пишуваме (прочитај тука), а синоќа нивниот админ на X повторно полуде поради постигнатиот гол.

URL
URL

Најдобар стрелец во историјата на оваа репрезентација е локалната легенда Анди Селва со 8 постигнати голови, а од останатите никој нема повеќе од 2. Токму Филипо Берарди со синоќешниот пенал има 2 и го дели второто место со пензионираниот Мануел Марани.

Сите натпревари на кои Сан Марино останувал непоразен:

10 март 1993, квалификации за СП 1994
Сан Марино - Турција 0:0

25 април 2001, квалификации за СП 2002
Латвија - Сан Марино 1:1

20 август 2003, пријателска
Лихтенштајн - Сан Марино 2:2

28 април 2004, пријателска
Сан Марино - Лихтенштајн 1:0

15 ноември 2014, квалификации за ЕУРО 2016
Сан Марино - Естонија 0:0

13 октомври 2020, Лига на нации 2020/2021
Лихтенштајн - Сан Марино 0:0

14 ноември 2020, Лига на нации 2020/2021
Сан Марино - Гибралтар 0:0

21 септември 2022, пријателска
Сан Марино - Сејшели 0:0

17 ноември 2022, пријателска
Света Луција - Сан Марино 1:1

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе