Црвениот килим на доделувањето на Златните глобуси внесе доза гламур во Лос Анџелес, а акцентот беше поставен на модните комбинации во кои се појавија Џена Ортега, Чесика Честејн, Ријана, Селена Гомес, Марго Роби и други актерки.
Во Лос Анџелес синоќа се одржа 80. доделување на Златните глобуси, а главните награди отидоа во рацете на Остин Батлер и Мишел Јео.
Покрај наградите, внимание привлекоа и модните комбинации на дел од славните кои се појавија на црвениот килим и позираа пред новинарите.