Научниците со ново дино откритие: Фосил стар 230 милиони години ја решава мистеријата?

Фосил стар 230 милиони години пронајден во Зимбабве за време на ископувањето во 2019 година претставува предок на сауропод кој ќе им овозможи на научниците да откријат како диносаурусите еволуирале и се ширеле низ нашата планета.

Остатоци од нов вид тревопасни животни се откопани во северниот дел на Зимбабве, на место богато со фосили од диносауруси. Неговото откритие фрла нова светлина врз еволуцијата на диносаурусите и дава потенцијални одговори на едно од основните прашања на тријаската палеонтологија: Зошто диносаурусите живееле само во одредени делови на суперконтинентот Пангеја?

Научниците почнаа да работат на локалитетот Pebbly Arkose Formation уште во 2017 година, но ископувањата беа одложени поради пандемијата. Сега, конечно, можат да ја претстават ѕвездата на локацијата – Mbiresaurus Raathi, речиси целосен скелет на нов вид тревопасни животни, пишува Live Science.

URL

Скоро 230 милиони години стар, Мбире е најстариот фосил на диносаурус пронајден на африканскиот континент и меѓу најстарите во светот, според студијата објавена во списанието Nature.

„Најраните диносауруси биле мали - далеку од џиновите што ги замислуваме сега“, вели Кристијан Камерер, куратор на палеонтолошкиот оддел во Природонаучниот музеј во Северна Каролина. Новооткриениот вид им припаѓа на сауроподморфите, далечни предци на џиновски сауроподи со долг врат, како што е брахиосаурусот. Достигнувал височина од 100 сантиметри и тежел околу 30 килограми.

URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе