Ноќта од вторник кон среда НБА лигата ги објави трите најдобри петорки во сезонава која е при крај, а интересно е да се напомене дека тројца Европејци (и тоа Балканци) се најдоа меѓу петте најдобри кошаркари.

Најкорисниот играч во основниот дел од сезоната, Србинот Никола Јокиќ, кошаркар на Денвер Нагетс е во првата петорка и доби 88 гласа, исто како и словенечкиот центар Лука Дончиќ, најдобриот играч на Далас Маверикс.
Единствениот со максимални 100 гласови во идеалната петорка е Гркот Јанис Адетокумбо, играч на Милвоки Бакс. Најдобрата петорка ја дополнуваат Девин Букер, играч на Феникс Санс, и Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс.
Инаку, за прв пат по 1955 година ниту еден од кошаркарите во првата петорка не е постар од 27 години.
Во втората петорка на сезоната се Џа Морант (Мемфис Гризлис), Стеф Кари (Голден Стејт Вориорс), ДеМар ДеРозан (Чикаго Булс), Кевин Дурант (Бруклин Нетс) и Жоел Ембиид (Филаделфија 76ерс).
Третата најдобра петорка ја сочинуваат Крис Пол (Феникс Санс), Треј Јанг (Атланта Хокс), Паскал Сјакам (Торонто Репторс), Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс) и Карл Ентони Таунс (Минесота Тимбервулвс).
Вреди да се напомене дека 18-та сезона по ред Леброн Џејмс е избран во една од најдобрите петорки во НБА.