Неверојатниот Ѓоковиќ го совлада Алкарас во мечот на годината и го освои турнирот во Синсинати

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (2. АТП) по трет пат во кариерата го освои Мастерс 1000 турнирот во Синсинати, победувајќи го ноќеска Шпанецот Карлос Алкарас (1. АТП) во драматично финале.

Мечот траеше 3 часа и 49 минути, а во сетови беше 5:7, 7:6, 7:6 за еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Ѓоковиќ до својот 39-ти трофеј на турнирите Мастерс 1000 стигна спасувајќи меч поен во тај-брејкот во вториот сет, но тоа беше само почеток на драмата што ни ја понуди третиот сет од мечот одигран во најголем дел на 38°C во сенка.

URL

Во решавачкиот сет Новак направи брејк во седмиот гем, а во деветтиот Алкарас спаси две меч топки кога сервираше за продолжување на мечот.

Шпанецот потоа спаси уште две меч топки кога Ѓоковиќ сервираше за победа во десеттиот гем, а во следниот спаси уште три брејк можности кои ги имаше Новак.

При 4-4 во тај-брејкот, Ѓоковиќ направи нов мини-брејк, а потоа стигна и до петтата меч топка, по што Шпанецот повеќе не можеше да издржи, па Новак му се реваншираше за поразот што му го нанесе во финалето на Вимблдон.

Remote video URL

Разликата меѓу Алкарас и Ѓоковиќ на АТП листата сега е намалена на само 20 поени, а враќањето на Новак на број 1 по УС опен може да го запре само со пораз во првото коло на последниот грен слем турнир.

Remote video URL
реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Тенис

Голем пад за Ноле, доаѓаат нови млади асови

Read more

Ѓоковиќ поразен на стартот од Монте Карло

Read more

Навредливи графити кон Ѓоковиќ се појавија низ Србија

Read more

Нов шок во тенисот: Тенисери и тенисерки им се заканија на грен слем турнирите

Read more
 

Спорт

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Читај повеќе

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Читај повеќе

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе
  • play_arrow

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Читај повеќе

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Читај повеќе

Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобри без него

Читај повеќе