Нов рекорд: НФЛ тим продаден за неверојатни 4,65 милијарди долари

Групацијата Walton-Penner ќе стане нов сопственик на Денвер Бронкос, поранешни трикратни победници на Супербоулот, финалето на плеј-офот на Националната фудбалска лига (НФЛ), за што ќе платат 4,65 милијарди долари, што е најголема сума за која некогаш бил продаден американски спортски тим.

Претходниот рекорд го држеше бејзбол тимот Њујорк Метс, кој беше продаден за 2,4 милијарди долари, а оваа сума е двојно поголема од онаа (2,27 милијарди) за која во 2018 година сменија сопственици Каролина Пантерс, последниот НФЛ клуб кој бил на продажба.

Сумата платена за преземање на сопственоста на Бронкос е слична на онаа (5,2 милијарди долари) што ја плати конзорциумот предводен од Тод Боли, косопственик на тимот Лос Анџелес Доџерс, за купување на англискиот премиерлигаш Челси.

За реализација на договорот уште 60 до 90 дена

Претходниот сопственик на Бронкос беше Фондацијата Пат Болен, долгогодишен сопственик на тимот кој почина во 2019 година. Новата сопственичка групација Walton-Penner ја предводи Роб Волтон, наследник на американскиот малопродажен синџир Walmart.

„Возбудени сме што бевме избрани за купувачи на Денвер Бронкос. Работејќи и живеејќи во Колорадо, отсекогаш им се восхитувавме на Бронкос. Нашиот ентузијазам само порасна со запознавањето со тимот на Бронкос, вработените и навивачите во последните неколку месеци. Инспирирани сме од можноста да бидеме чувари на оваа голема организација во енергичното друштво на страсни фанови“, рече Волтон во соопштението со кое ја објави веста за распродажбата на Бронкос.

Се очекува реализацијата на договорот да трае од 60 до 90 дена, но тоа се само формалности.

Тагови
реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе