Нови 19 случаи, 16 оздравени и 4 починати од COVID-19

Во изминатите 24 часа регистрирани се 19 нови случаи на COVID-19, од направени 512 тестирања, со што бројот на активни случаи во моментов во земјата изнесува 381. Оздравени се 16 пациенти, а починати се 4 лица, информира денеска Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-1, Тетово-3, Велес-1, Кочани-1 и Неготино-3.

Во ГОБ „8 Септември“ починала пациентка од Скопје (65) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.

Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 647, активни 145
•       Куманово – 418, активни 22
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип-38, активни 4
•       Прилеп –203, активни 59
•       Тетово – 151, активни 63
•       Струга – 71, активни 5
•       Велес – 126, активни 53
•       Битола –27, активни 8
•       Охрид –21, активни 6
•       Кавадарци – 5, активни 0
•       Гостивар –21, активни 4
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 3, активни 1
•       Крива Паланка- 6, активни 1
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 31, активни 3
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 2, активни 0
•       Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод – 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 1
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -1, активни 0
•       Виница – 3, активни 1
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1, активни 1
•       Свети Николе-1, активни 1

Направените 512 теста се преку: ИЈЗ –235, Ветеринарен ф-тет -15, Авицена –15, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –53, Систина со PCR метода  -31 и МАНУ -115. 

Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  49 пациенти, позитивни и сомнителни на COVID-19. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе