Османи: Како што јас го штитам македонскиот јазик, така македонските политичари да го штитат албанскиот

„Јас не сметам дека ова треба да биде албанска етничка агенда, треба сите политички партии да седнеме и да ги разгледаме овие прашања. Не сум наишол на отпор од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ за промената на „20 проценти“, тогаш зошто ова да се претвори во трка или анимозитет помеѓу политичките партии на македонскиот блок“, нагласи министерот за надворешни работи Бујар Османи, осврнувајќи се на барањето на албанскиот блок да се избрише „ јазик што го зборуваат над 20 проценти“ и да стои само албански јазик, од Уставот.

Тој, на прес-конференцијата во Скопје по средбата со потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мухтар Тлеуберди, одговарајќи на новинарско прашање во врска со барањето на албанскиот блок, потенцираше дека колку што имаат интерес албанските партии, толку имаат и македонските политички партии од промената на овој начин на формулирање на „20 проценти“ бидејќи, како што оцени Османи, ова довело до демографската трка во минатото.

– Како што јас го штитам и го бранам македонскиот јазик, политичарите од македонскиот блок треба да го бранат албанскиот јазик во Уставот, истакна министерот за надворешни работи.

Османи запраша зошто тоа прашање да се претвори во етничка агенда и да се стави во контекст на Европската Унија. Нагласи дека никој не смее да го условува интегрирањето во ЕУ, со какво било договарање и додаде дека интересот на албанските политички партии не може да биде во противречност со евроинтеграциите.

– Грешка е кој и да е да го условува европскиот пат со какво било друго барање. Интересот на албанските партии не може да биде во противречност со интересот на интегрирањето во ЕУ и тоа претставува и стратешка грешка и многу штетна доколку кој било би се обидел да го условува европското интегрирање со какво било друго прашање, било и да е и на етничка основа, истакна Османи.

Тој нагласи дека не е добра пораката што би ја испратиле на Европа и на меѓународните партнери со овој начин на постапување, порачувајќи им дека европското интегрирање е противречно со интересите, било да се етнички, затоа што тоа е е погрешна порака и стратешка грешка.

Според Османи, ова прашање треба да биде рефлексија на политичката зрелост на општеството, односно дека дошло време за овие прашања од 2001 година, во нормален процес, со политика зрелост да се направи исправка.

– Доколку е вака, зошто сега да се занимаваме со ова прашање, да го претставиме ова како етничка агенда, дека некој сака да направи концесија кон нас и врз нас. Ние не бараме концесија од никого, но сметаме дека редно време е ова да се уреди и да се реши како прашање, бидејќи во тоа време можеби јавноста не била сензибилизирана, но сега ситуацијата е промената, луѓето веќе сфатиле дека ваков вид на отпор од страна на македонската заедница во тоа време бил беспотребен, бидејќи со тоа само се предзвикала демографска трка и треба да биде случај и предлог на политичките партии на Македонците, потенцираше Османи. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе