Османи: Никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска се огласи во врска со реакциите за правата на бугарската заедница во Северна Македонија.

„Во јавноста се појавија реакции за односот и правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Овие реакции прво беа пласирани како мислење и ставови на одредени граѓански асоцијации, а потоа посочени како проблем и од одредени официјални претставници на Република Бугарија“, напиша Османи на Facebook.

Натаму тој наведува дека Северна Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество, а покрај, вели, колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници.

„Во оваа смисла никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава и нивната посебност, напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права.

Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата“, напиша Османи.

Како мешање во внатрешните работи на друга држава вчера го оценија претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, состанокот, кој бугарскиот претседател Румен Радев го свика со шефовите за безбедносните служби, за како што наведоа од неговиот кабинет, „нарушување на правото на самоопределување на Бугарите во Северна Македонија“.

За состанокот на Радев, вчера се огласи и специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, кој рече дека овој тек на настаните покажува веројатна можност прашањето околу односите меѓу Скопје и Софија да бидат дел од изборната кампања во Бугарија. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе