Османи: Отворањето на бугарскиот клуб во Охрид е провокација

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид е провокација, која оди на штета на бугарската заедница во државава.

-Правото на здружување  е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинства, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост. Оттука сметам дека е провокација. Ова оди на штета на интересите на бугарската заедница во државава и тоа во момент кога таа заедница добива можност повеќе да се здружува, да ја изразува својата посебност и преку Протоколот и обврските од Протоколот и дебатата за промена на Уставот. Кој тоа им го руши имиџот и овде пред граѓаните и пред меѓународната заедница преку имиња кои што се широко прифатени како спротивни на вредностите кои ги споделуваме, не можам да кажам, рече денеска министерот Османи на новинарско прашање на редовниот брифинг со новинарите.

За изјавите на неговиот бугарски колега Митов во однос на отворањето на клубот во Охрид, Османи рече дека тоа е недозволиво мешање во внатрешните прашања на Република Северна Македонија. Се надевал дека тоа ќе му го кажел во Прага каде се одржа првиот состанок на Европската политичка заеница, но поради сплет на околности не се виделе, а ставот, најави дека ќе му го пренесе на претстојната средба во Берлин на 21 октомври.

Шефот на дипломатијата во однос на превенирање на регистрирарањето вакви здруженија со имиња кои провоцираат, вели дека МНР нема никаква надлежност туку дека тоа е во доменот на Министерството за правда кое веќе има формирано советодавно тело кое ќе ги разгледува имињата на клубови и здруженија кои ќе се регистрираат во земјава, а што е времено решение додека не се направат измени на Законот за здруженија. Тој посочи дека ова е чувствително прашање и укажа на искуството со здружението „Ратко“ кое пред повеќе години беше забрането, а судот во Стразбур ја поништи одлуката на нашиот Суд дека без основа било забрането тоа име на организацијата.

-Затоа мора да бидеме внимателни тука и во рамки на нашите закони, и во меѓународните правила, но во Владата се отвора дебата во однос на ова прашање. Јас мислам дека навистина треба да се разговара и со граѓаните со бугарско етничко потекло во Република Северна Македонија што е целта на изборот на таквите имиња, бидејќи ќе повторам, тоа е, пред се, на штета на бугарката заедница, подвлече Османи.

Тој изјави дека од бугарското МНР досега нема никакви реакции за случувањата во Охрид. МНР, рече, не добило покана за присутво на отворањето на клубот во Охрид, а и да добило немало да присуствуваат.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе