Османи: Позициите со Бугарија многу ги зближивме, ќе биде историска штета ако не се успее

Скопје, 7 мај 2022 (МИА) – Можеби ова е единствената и последна шанса за да се спасат односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, затоа што понатаму Владата ќе има се помалку и се поразредена политичка енергија, но и целото општество да се посвети на едно прашање кое што троши и политичка енергија, но се разбира ги троши и граѓаните во овие континуирани циклуси на надежи и на фрустрации, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција.

Министерот смета дека се должни да не ги изложат граѓаните на такви, како што кажа, бесконечни фрустрации и разочарувања и дека ќе треба еден ден да се стави црта, односно да се каже дека е доста.

– Ние не можеме да имаме ваков пристап во којшто владите ќе бидат тематски, ќе се занимаваат само со едно прашање и со една надеж. Ќе мора да се фокусираме внатре, да продолжиме внатре со реформите, со европеизација на државата, меѓутоа нема да може да има енергија понатаму да се продолжи како што беше до сега. И тоа им го кажуваме и на Бугарија дека сега има еден прозорец на можности и можеби последна шанса да се спаси тоа што го изградивме во претходните месеци и да почне едно ново поглавје на позитивни односи меѓу нашите држави, но и до ЕУ дека ќе мора да кажат што понатаму, нагласи Османи.

Тој посочи дека со Република Бугарија комуникацијата продолжува, но и со француското претседателство кое е одговорно во овие шест месеци да го менаџира, да го координира процесот. Османи се надева дека наредните недели ќе има можност да има конкретен дијалог и конкретни чекори.

Според Османи, Скопје направи се што можеше да се направи, но и тоа што не можеше да се направи.

– Мислам дека е доста веќе. До јуни, да не се врзам со месеци, до лето мислам дека треба да продолжиме со максимални напори како ова да успее. Семтам дека е важно и опозицијата да го сфати моментот. Да продолжиме конструктивно додека не се исцрпи оваа можност и после тоа да излеземе и отворено пред граѓаните, и отворено пред ЕУ, и отворено пред Република Бугарија дека не можеме граѓаните повеќе да ги малтретираме и да ги изложиме на ваков процес на циклични очекувања и разочарувања притоа исполнувајќи ги сите услови. Треба да знаеме на што сме, не може повеќе вака, потенцира Османи.

Министерот смета дека посебно последните месеци многу ги зближивме позициите, што ќе биде историска штета ако не се успее, зошто никогаш, како што кажа, нема да бидеме во подобра позиција за надминување на овие разлики.

Тој нагласи и дека договорот за добрососедство со Бугарија никој не смее да го стави под знак прашање. Бугарија, вели тој, секогаш ќе биде наш сосед, сојузник во НАТО и секогаш ќе биде важно да имаме добри соседски односи со нив.

Во однос на вклучувањето на САД во односите со Република Бугарија, Османи вели дека САД се навистина силно заинтересирани овој процес да успее и европското консолидирање на регионот да продолжи, но оти нема конкретен процес во кој САД се посредници во односите меѓу двете земји. Тие односи, вели Османи,се одвиваат на билатерална основа.

Османи додаде оти се надева дека на крај на мај ќе се одржи втората меѓувладина конференција со Бугарија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе