Осум нови случаи со COVID-19, оздравен 21 пациент, еден починат

Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент и тоа во Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години, која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се осум нови случаи со COVID-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1 и Велес-4.

Согласно ова, вкупната бројка на COVID дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 515, Куманово – 401, Дебар – 51, Штип- 34, Прилеп –159, Тетово – 90, Струга – 67, Велес – 81, Битола – 19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 9 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево- 2, Делчево- 1, Валандово – 1, Виница – 2 и Кратово -1.

Направени се 185 теста и тоа преку: ИЈЗ –79, Ветеринарен факултет -3 , Авицена –9, Биотек -33, Клиника „Жан Митрев“ –27, Систина со PCR метода  – 17 и МАНУ -17.  Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на COVID-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 Септември“, а вкупно се хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација еден. Во ГОБ „8 Септември“ примени се четворица нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 14. На респираторна машина се тројца пациенти, а уште четири се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, а уште тројца се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на COVID-19, стои во соопштението. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе