Од 2005 година секоја година добивавме нова „Call of Duty“ игрица, но изгледа дека Activision Blizzard одлучи дека е време да се направи пауза.
По последното продолжение, „Call of Duty: Vanguard“, бројките не беа на посакуваното ниво, па матичната компанија одлучи дека е вистинско време да се паузира, иако „Call of Duty“ излегуваше еднаш годишно во последните 18 години.
Лидерите задолжени за „Call of Duty“ игриците во Activision Blizzard се сомневаат дека проблемот во игрицата „Call of Duty: Black Ops Cold War“ што му претходеше на новиот наслов, и фактот дека беше поуспешна од очекуваното, па нејзината слава ја засени „Call of Duty: Vanguard“.
Сепак, Activision нема да ги остави своите верни фанови без никаква содржина, па се очекува игрицата која допрва ќе се појави годинава, продолжението на „Call of Duty: Modern Warfare“ од 2019 година, да добива дополнителна содржина цела наредна година. Планирано е и претставување на нова бесплатна онлајн игра која исто така треба официјално да биде претставена во 2023 година, како и нова содржина за „Warzone 2“.
Засега, Activision Blizzard ги чува под клуч деталите за продолженијата на „Modern Warfare“ и „Warzone“, а излегувањето на двете игрици е закажано за во текот на оваа 2022 година. Иако претставници на матичната компанија во неколку наврати изјавија дека двете игрици ќе бидат дизајнирани од почеток, сѐ уште не се знае дали новата „Warzone“ ќе биде посебно продолжение или само голем додаток на постоечката игра. Она што е познато е дека и двете игрици ќе го користат новиот енџин развиен од оваа компанија.
Погледнете како изгледа „Zombies“, еден од додатоците што Activision ги претстави за играта „Call of Duty: Vanguard“:
Не треба да се заборави дека во јануари беше објавено дека е склучен купопродажен договор и дека нов сопственик на Activision Blizzard ќе биде Microsoft кој плати 68,7 милијарди долари. Финализирањето на договорот и транзицијата на сопственичката структура се очекува во втората половина на 2022 година, а со оглед на промената на сопственоста, можно е оваа франшиза наскоро да стане ексклузивна за Xbox.