Откриен првиот диносаурус кој страдал од респираторна инфекција

„Ваквите примероци можат да помогнат да се расветли какви видови болести ги мачеле диносаурусите пред милиони години“.

Пред 145 милиони години, еден сауропод се чувствувал лошо. Му течела слуз од ноздрите, боледувал од треска и кашлица која му го иритирала долгиот мускулест врат. Болеста можеби била дури и смртоносна и толку сериозно влијаела на здравјето на диносаурусот што оставила видливи траги во неговите фосилизирани коски.

Овие чудни остатоци сега се првиот доказ за диносаурусна респираторна инфекција, сугерираат палеонтолозите.

Што го мачело кутриот сауропод, наречен Доли, не им било веднаш јасно на научниците кои ги проучувале остатоците од животното. Палеонтологот Кери Вудраф од Музејот на диносаурусите од Големите Рамнини во Монтана го истражувал овој тревојадец во 2018 година кога забележал нешто чудно. Во шуплините на коските на вратот на диносаурусите имало израстоци кои личеле на брокули.

„Погледнав многу сауроподски пршлени и видов некои чудни работи, но никогаш нешто како овие структури“, вели Вудруф.

Вудраф ги објавил фотографиите на социјалните мрежи и брзо добил одговори од истражувачите кои препознале дека структурите се слични на израстоците што може да се видат кај живите птици и другите влекачи. Некои од овие научници му се придружиле на Вудраф во проучувањето на фосилите, кои покажуваат знаци на белодробна болест, заклучи тимот во новиот труд објавен во Scientific Reports.

„Болестите се присутни кај животните уште од почетокот на нивната еволуција“, вели Еван Волф, коавтор на студијата и палеопатолог во Mузејот Карпести Планини во Монтана.

Фосилите како Доли им овозможуваат на експертите да ја следат еволуцијата на современите болести.

„Ваквите примероци можат да помогнат да се расветли какви видови болести ги погодувале диносаурусите пред милиони години“, вели Џозеф Питерсон, палеонтолог од Универзитетот во Висконсин, кој не бил дел од истражувачкиот тим.

Дијагноза на болестa на диносаурусите

Дијагностицирањето на болеста на диносаурусите не е лесно, особено кога пациентот е мртов речиси 150 милиони години. Постојат многу различни болести кои можат да предизвикаат респираторни инфекции, па затоа научниците морале да ги намалат можностите.

Алатките како што се рендген и КТ скенови на тенките делови од коските може да ја детектираат микроструктурата на фосилите и да обезбедат клучни информации. Но, главниот доказ дека овој диносаурус имал респираторна инфекција доаѓа од споредувањето на неговите коски со коските на другите животни.

Птиците се живи диносауруси, а крокодилите се најблиските живи роднини на диносаурусите како група, забележува Волф, така што болестите или имунолошките одговори споделени меѓу нив веројатно се релевантни за диносаурусите што не се птици како Доли. Сауроподите како Доли, исто така, имале комплексен систем на воздушни кеси во и околу нивните коски како дел од нивниот респираторен систем, исто како што имаат модерните птици.

Врз основа на истаржувањата врз Доли и други организми, Вудраф, Волф и колегите сугерираат дека најверојатниот виновник е болест слична на пневмонија позната како аеросакулитис. Наместо да биде специфичен вирус или патоген, воздушниот аеросакулитис опишува воспаление или инфекција на воздушните кеси, што може да биде предизвикано од бактерии, габи или вируси. Современите кокошки, на пример, можат да добијат аеросакулитис од ешерихија коли кога се чуваат во нехигиенски услови.

„Авторите прикажуваат силни индиректни случаи на аеросакулитис“, рече палеонтологот Синтија Фокс од Универзитетот во Вашингтон, која не беше вклучена во новата студија. Конечната дијагноза е тешка, дури и кај живите животни, но начинот на кој коските на диносаурусите реагирале на болеста може да покаже како живите 'рбетници реагираат на истата болест.

„Можеме да го примениме она што го знаеме за постојниот одговор на коските на болестите кај праисториските животни и да извлечеме логични заклучоци“, вели Фаук.

Врз основа на набљудувањата на живи птици со аеросакулитис, Вудраф и неговите колеги веруваат дека диносаурусот Доли сигурно се борел со болеста. „Кашлица, отежнато дишење, летаргија, треска, кивање и дијареа - сето тоа се симптоми изразени кај птиците и денес“, вели Вудраф.

Болеста можеби била фатална за Доли. Иако не постои начин со сигурност да се утврди како умрел диносаурусот, Вудраф забележува дека диносаурусите како Доли веројатно се движеле во стада, но болното животно можеби заостанувало или ја напуштило групата. Постои можност Доли да била целосно исцрпена од болеста, а можно е и некој предатор да го видел болниот диносаурус како лесен плен.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе