Пендаровски: Реториката на историчарите од Софија ја отежнува работата на Историската комисија

Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека реториката што се слуша од бугарските членови на Заедничката комисија за историски и образовни прашања ќе ја отежнува нејзината работа и ќе ги обременува вкупните билатерални односи.

– Она што мислам дека ја отежнува и ќе ја отежнува работата на Историската комисија и ќе ги обременува вкупните билатерални односи независно што направивме вкупно пет комисии, освен Историската, е реториката која се слуша од време навреме од членови на Историската комисија од Софија, кои на дневна основа се обидуваат уште пред да се сретнат со своите македонски колеги да наметнат како треба да биде решението во работењето на таа Комисија, изјави денеска Пендаровски на прес-конференцијата по седницата на Советот за безбедност, одговарајќи на новинарско прашање.

Мој совет до сите тие, додава Пендаровски, е „помалку зборување по медиуми, помалку прејудицирање на исходот од работата на таа Комисија, а повеќе конкретни резултати, но само низ рамноправен дијалог со нивните македонски колеги“.

– Новиот пристап кој премиерот Петков го промовираше кога дојде во Скопје беше прилично поразличен од досегашниот. Во изминатава година и пол акцентот на инсистирање на Софија се разбира беше премногу ставен на Комисијата составена од историчари и де факто иако тоа не го пишува во Договорот од 2017, историјата или усогласувањето, како што велат тие, околу т.н. заеднички точки, заеднички места во историјата, беше предуслов за почнување преговори за членство во ЕУ, рече Пендаровски.

Новиот пристап кој го поздравија и во Скопје и меѓународна заедница и Брисел, појасни Пендаровски, подразбира Историската комисија да биде само една од петте комисии кои ќе работат и врз основа и напредокот во останатите работни групи и комисии освен оваа Историската ќе се проценува тоа дали Северна Македонија до крајот на претседавањето на Франција ги исполнува условите или заслужува да биде држава која ќе ги почне преговорите по 17 години чекање со статусот на кандидат.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе