Пентагон ќе создава нов оддел за откривање НЛО

Министерството за одбрана на САД издаде наредба за создавање на спрецијализиран оддел за детекција на неидентификувани воздушни објекти, кој ќе биде наследник на оперативната група за неидентификувани воздушни феномени која е под закрила на морнарицата.

Според известувањето објавено од Пентагон, новата оперативна група е именувана како Група за идентификација на воздушни објекти и синхронизација на управувањето, или скратено АОИМСГ (AOIMSG). Нејзина задача ќе биде да ги координира напорите на американската влада при детекција, идентификација и регистрирање на објектите од интерес во СУА (Воздушен простор за специјална употреба) и да ги проценува и ублажува сите можни закани за безбедност при летање и национална безбедност.

Оперативната група ќе биде составена од високо стручни лица, експерти од Министерството за одбрана, како и специјалисти од други владини агенции. Одлуката да се реорганизира единицата која се бави со неидентификувани воздушни феномени (НВФ) е последица на препораките издадени во извештајот на Канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка служба (ОДНИ).

Во наредните неколку недели одделот ќе направи патоказ за АОИМСГ, кој ќе вклучува детали за управувањето, организациската структура и финасирањето на новата единица.

Од Пентагон потенцираат дека многу сериозно ги сфаќаат извештаите за „било каков воздушен објект, идентификуван или неидентификуван“ и дека отвораат истрага за секој случај. НВФ претставуваат потенцијална закана за авионите и за националната безбедност во поширока смисла, како што вели меморандумот за создавањето на АОИМСГ.

Изветајот направен од ОДНИ и поднесен до Конгресот во јуни годинава издвојува 5 „потенцијално објаснувачки категории“ за НВФ:

  • неред во воздухот
  • природен атмосферски феномен
  • американска владина или индустриска програма
  • странски противнички системи
  • друго.
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе