УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Пеп: Ништо не е готово, по натпреварот не ни славевме

Предводникот на Манчестер Сити е многу резервиран и покрај победфата синоќа во Париз. Свесен е дека противникот располага со моќни фудбалери и дека на реваншот на домашен терен с може да се случи.

„Граѓаните“ синоќа славеа со 1:2 среде Париз против еден од фаворите за титулата, тимот на ПСЖ. Но, и покрај таа победа тренерот Пеп Гуардиола предупредува дека апсолутно ништо не е готово, иако неговиот тим има победа на гостински терен.

„Сигурен сум дека реваншот ќе биде многу поинаков бидејќи Маурисио Почетино ќе ги поправи грешките. И ние ќе го анализираме натпреварот и нешто ќе промениме за да имаме по течна игра и да бидеме поагресивни“, рече Пеп во изјава за медиумите.

„Сега следува одмор. Задоволен бев што по натпреварот во соблекувалната играчите беа многу смирени. Не славеа, беа мирни бидејќи знаеме дека сѐ може да се случи на реваншот“.

Синоќешниот судир беше битка на два тима кои секоја сезона претендираат за пехарот, но никако да дојдат до него. ПСЖ лани беше блиску, но потфрли пред последната пречка - финалето.

„Му се спротивставивме на тим кој постигна четири гола на 'Камп Ноу', кој постигна три гола во Минхен - тоа е тим кој е способен да направи сѐ што ќе посака бидејќи располагата со квалитет за такво нешто“, додава каталонскиот стратег.

„Поради тоа кога почна натпреварот бевме малку претпазливи. Не се жалам. На полувреме не им се жалев на играчите за тоа, им реков дека ги разбирам дека чувствуваат одговорност бидејќи сакаат да стигнат до финалето“.

Реваншот е веќе во вторник во Манчестер, каде „Светците“ од почеток ќе мораат да атакуваат.

„Треба да сфатиме како да се носиме со ситуацијата и да бидеме оние коишто сме. Ако загубиме, загубиме. Доколку не стигнеме до финалето, ќе се обидеме повторно наредната сезона, но важно е да ја играме нашата игра како што се договараме надвор од терен“, заврши Пеп.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе