Перо Антиќ за Обрадовиќ: 22 часа ти е најдобар пријател, а два часа ти ја вади душата

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, проговори за соработката со најголемите тренерски имиња како Душан Дуда Ивковиќ и Жељко Обрадовиќ.

Трикратниот освојувач на Евролигата, заборуваше во емисијата „Фер плеј со Јана“.

Антиќ стана европски првак со двајцата тренери, со Дуда двапати во Олимпијакос, а со Обрадовиќ еднаш во Фенербахче.

„Евробаскет 2011 ми даде шанса да се докажам, а потоа ми се јави Дуда Ивковиќ, еден од најголемите во историјата на кошарката. Дуда Ивковиќ е мотиватор, Жељко Обрадовиќ е мислител. Има девет титули во Евролигата и седи до три сабајле и гледа НБА лига и учи. Кога ќе дојде на тренинг сè црта и после ти кажува што смислил. Клучот е кај него. Најдобар пријател ти е 22 часа и два часа ти ја вади душата. Ако ти каже ‘Ова е дрво’, велиш ‘Дрво е’, ако ти каже ‘Ова е железо’, велиш дека е железо. Ако кажеш дека не е, тогаш трчаш 80 должини, па ти види што ќе кажеш“, вели Антиќ.

Антиќ и Обрадовиќ работеа заедно од 2015 до 2017 година, кога македонскиот кошаркар замина во НБА.

„Не мораш кај него да бидеш дисциплиниран, можеш да му контрираш, но на крајот губиш сè. Тој те учи на дисциплина и на сè“, објасни Антиќ.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Кошарка

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе