Пет месеци COVID-19 во земјава, 2 и 18 јули имаа најцрна статистика

Скопје, 26 јули 2020 (МИА) – По точно пет месеци откога во земјава беше регистриран првиот случај на COVID-19 – на 26 февруари кај жена која допатува од Италија, опасниот вирус досега е потврден кај 9.934 луѓе. Од нив, излекувани се 5.357, активно болни се 4.117, а починаа 460 пациенти.

Во овој месец беа негативните рекорди на заразени и починати од почетокот на епидемијата. Бројот на новодијагностицирани во 24 часа двапати надмина 200 – на 10 јули беше 205 и на 18 јули – 241. На 2 јули починаа 15 пациенти – најголем број во едно деноноќие.

Позитивни на коронавирусот се вкупно 9.934 заклучно со вчера, а 94.092 тестирања се направени досега. Во вкупниот биланс се и најновите 137 случаи од 1.542 тестирања. Шеесет од нив се во Скопје,16 во Штип, 13 во Куманово,11 во Гостивар, седум во Тетово, по пет во Кичево, Дебар и Битола, три во Прилеп, Велес и Свети Николе и по еден нов случај во Струга, Охрид, Кочани, Пробиштип, Демир Хисар и Виница.

Во 460-те починати се и деветтемина пациенти за кои беше соопштено вчера (по поминати 24 часа) – тројца од Скопје, по двајца од Куманово и од Гостивар и по еден пациент од Штип и Струга.

Институтот за јавно здравје вчера регистрираше и 103 оздравени пациенти: 53 во Скопје, 11 во Струмица, девет во Ресен, седум од Тетово, шест од Прилеп, пет од Велес, тројца оздравени од Кичево и Дебар, двајца од Битола и по еден од Штип, Кавадарци, Струмица и Крушево. Со нив, вкупниот број излекувани е 5357.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на Facebook објави дека и покрај благиот раст на активни случаи, процентот на хоспитализирани лица заболени од COVID-19 во изминатите две недели е намален за речиси два процентни поена.

– Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со COVID-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси два процента, односно од 11,5 отсто на 15 јули – на 9,7 отсто на 23 јули, наведе Филипче.

Посочи дека во континуитет, лицата кои се примени во болница од вкупниот број активни случаи не надминува 12 проценти.

Во светот до вчера заразени со COVID-19 се 15.736.499 луѓе, според евиденцијата на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Бројот на оздравени надмина 9 милиони (9.043.203), а жртви на пандемијата, според статистиката на Универзитетот, се 639.652 луѓе.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе