Пилешко со пржени компири во ромеско сос

Ова јадење е посебно токму поради овој ромеско сос, кој се прави од печени пиперки и бадеми, што ќе му даде сосема нов вкус на пилешкото со пржени компири.

Пилешкото со пржени компири во ромеско сос е оброк на кој тешко ќе му одолеете. Може да биде дел од неделниот ручек, но и да служи како посилна вечера. Пилешкото со топол ромеско сос, полно со вкус и длабочина на слатки јаткасти плодови ќе ви даде енергија за целиот ден.

Потребни состојки:

  • 500 гр млад компир
  • 50 гр бланширани бадеми
  • 200 гр печени црвени пиперки (исцедени)
  • 1 чешне лук (толчен) 
  • ½ лажица оцет од чери домати
  • 1 лажичка чадена пиперка
  • 2 лажици полномасно млеко
  • 2 филети од пилешки гради
  • 2 лажици маслиново масло
  • 100 гр кељ или спанаќ (сечкан)

Подготовка:

Ставете тенџере со солена вода да зоврие. Додадете млади компири и варете 12 минути, но не дозволувајте целосно да омекнат. Исцедете ги и оставете на страна, но зачувајте чаша од водата за готвење.

Во меѓувреме, ставете голема тава на средна температура, а потоа пропржете ги бадемите неколку минути додека не замирисаат. Ставете ги бадемите во мал процесор за храна или блендер и пулсирајте додека не се исечкаат рамномерно. Додадете ги исцедените пиперки, лукот, оцетот, чадената пиперка и млекото и изматете ги во густ сос. Зачинете и оставете го на страна.

Пилешките гради ставете ги помеѓу две парчиња хартија за печење и израмнете ги со сукало додека не добијат дебелина од околу 3 см, па зачинете. Исечкајте ги компирите на подебели парчиња, а потоа загрејте половина од маслото во истото тавче во кое сте ги пржеле бадемите. Пржете 10-15 минути додека не поруменат и не станат крцкави. Додадете го зеленилото (кељ или спанаќ) во тавата за последните неколку минути од готвењето.

Додека компирите се варат, загрејте го преостанатото масло во друга тава на средно-силен оган. Додадете го пилешкото и варете 2-3 минути од секоја страна додека не порумени. Истурете ја смесата со црвена пиперка плус доволно од зачуваната вода од компирите за да направите густ сос. Мешајте нежно околу 5 минути, додека не се свари пилешкото и малку се згусне сосот. Зачинете и послужете со динстани компири и зеленило.

реклама

Рецепти

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more
 

Магазин

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе