Поинаква модна приказна: Културна одржливост во колекцијата XENA на Ирина Тошева

Александра Спасеска
/ 15.11.2021 / 15:46

Дизајнерката Ирина Тошева ја обзнани својата нова модна колекција XENA („Зина“) со модели изработени од одржливи материјали и остатоци. Колекцијата креативно трага по опстојувањето на културата и традиционалните занаети во идно време, што од нас бара да ја спасиме нашата животна средина сега.

Инспирирана е од споменикот „Жена борец“ на академик Боро Митриќески, кој претставува синтеза и соодветен баланс на модерната, меко и елегантно изведена стилизација, со нагласени форми. Ги чествува жените учесници во Народноослободителната борба, меѓу кои и има и седум народни херојки, по кои се наречени облеките.

Преку соработката со последниот традиционален јорганџија во Старата скопска чаршија и јорганџиството како занает во изумирање, Тошева тежнее кон негово актуелизирање и заживување во моден контекст. 

„Културна одржливост е одржувањето на културните верувања, културните практики и занаети, зачувувањето на наследството, обидувајќи се да одговори на прашањето дали ќе постои или не некоја дадена култура во контекст на иднината. Одржливоста е способност да се одржи и/или продолжи. Двата поими се испреплетени во општествените и политичките домени и како такви, станаа еден од поважните концепти на одржливост“, истакнува Тошева.

Со користење еколошки материјали со сертификати, кои го гарантираат составот и етичкото производство, остатоци материјали од локални фабрики, работење со дигитално изработени кроеви, Ирина се стреми кон транспарентен синџир на производство без отпад, придонесувајќи кон развивањето на цирклуларната економија во нашата земја.

Моделите се надополнети со накитот на Ксенија Котев, која креира модерни додатоци инспирирани од традиционалната техника филигран. Седумте дизајни изработени од 925 сребро се збогатени со импресивен избор на полускапоцени камења, создадени од природата, вешто поврзани со значењето на седумте енергетски центри во телото- чакрите.

„Чувството на радост и инспирација може да се роди во секоја мисла, емоција и глас на интуицијата кое ги отсликува боите на животот. Ја зголемуваме свесноста на нашето вистинско, љубовно и духовно јас со прифаќањето на спиритуалниот живот, кој почнува кога ќе се 'родиш повторно'”, изјавува Котев.

Едиторијалот е снимен на уште една занемарена и заборавена локација, базенот и паркот во Сарај. Фотографиите се дело на Александра Костадиновска, моделка е Веда Евтимова од Моделс Ин, за шминката беше задолжен Виктор Мирчевски, а за фризурата студиото Hairhouse. Чевлите се од Schuster.

Облеките и накитот може подетално да се погледнат и нарачаат на веб-страницата на дизајнерката, каде може и да се закаже термин за посета на ателјето.

Колекцијата е дел од поддржаните проекти од локален интерес во културата на Град Скопје, за 2021 година.

Целата колекција погледнете ја ТУКА.

реклама

Стил

Наоми Кембел во Кан блесна во фустан што првпат го носеше во 1996 година

Read more

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more
 

Магазин

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Читај повеќе
  • play_arrow

Што значи да сте заглавени во врска?

Читај повеќе