Поради Светското во Катар се менуваат три правила, навивачите не се баш среќни

ФИФА е свесна дека фудбалот не е толку интересен за помладите генерации, кои немаат трпение да „седат два часа и да гледаат натпревар во кој понекогаш нема ни гол“, па постојано бара правила кои ќе придонесуваат играта да биде поатрактивна.

Постојано се зборува за иновации кои ги плашат традиционалните фудбалски фанови, па во последно време многу се зборува за стоперката - односно за мерење на изгубеното време.

Засега ФИФА не планира да направи ваква драстична промена, но претседателот на оваа организација, Џани Инфантино, објасни дека судиското надополнување во иднина ќе биде значително подолго, како што беше случајот на Светското првенство во Катар.

„Мораме да се бориме против губењето време. Видовме дека на последното Светско првенство се надоместуваа многу минути токму поради оваа причина. Сакаме додавањето на потребното време да биде универзално и доследно правило. Сакаме сите судии да знаат дека сите мора да го додадат изгубеното време поради повреда, промена...“, изјави Инфантино и потоа додаде уште една важна работа:

„Не можеме и не смееме да ги укинеме прославите на головите. Тие мора да продолжат бидејќи тоа е поентата на фудбалот, но ќе треба да се додаде изгубеното време. Правилата на фудбалот се универзални и мора да се применуваат до крајот и во текот на целиот натпревар. "

Освен ова, ФИФА се подготвува и за некои други промени. Веќе нема да има драма ако резервните фудбалери влегуваат на теренот додека се постигнува гол (што, на пример, беше драмата во финалето на Светското првенство во Катар каде и се жалеа и едните, и другите).

Третото правило е инспирирано од најважниот натпревар во 2022. Се воведува Анти-Мартинес правило засновано на голманот на Аргентина кој им пречеше на играчите за време на изведувањето пенали.

Исто така, една од најважните новости е дека повеќе нема да се доделува офсајд кога фудбалер ќе ја прими топката откако противникот намерно играл со топката, дури и ако тоа бил контакт со рака.

Најавите за вакви измени не наидуваат на големо одобрување на навивачите на социјалните мрежи, особено кај оние од постарите генерации.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе