Претставен најкомплетниот фосил на диносаурус некогаш пронајден

Фосилот бил пронајден благодарение на полициска акција при која меѓу запленетите предмети од нелегална трговија во Бразил бил и овој неверојатен фосил.

Меѓу 3.000 разни примероци на фосилни остатоци, полицијата, додека ја истражувала нелегалната трговија со фосили, во 2013 година ги пронашла зачуваните остатоци од птеросаурусот Tupandactylus navigans.

Кога била направена проценка на фосилите, палеонтологот од Универзитетот во Саун Пауло, Виктор Бекари и неговите колеги сфатиле дека пред себе го имаат најкомплетниот фосил од овој вид дотогаш откриен, пренесува Science Alert.

URL

Кога ги составиле остатоците долги речиси два метра, кои претходно биле исечени за полесен транспорт - за полесно да се сокријат, останале вчудоневидени. Добиле фосил на Tapejaridae (група на птеросауруси со крст) во речиси природна големина.

Анализите и истражувањата траеле со години. КТ скенот помогнал да се откријат неверојатни детали за украсите на главата на животното, чија големина е речиси половина од големината на неговото тело.

Птеросаурусите се релативно ретки во фосилните записи, бидејќи имаат кревки, шупливи коски кои им овозможувале да летаат. Пред овој пронајдок биле пронајдени само фрагменти од глави.

Отсуството на животни што живеат на дното на езерото каде што бил закопан фосилот, во денешната формација Крато (Бразил), сугерира дека недостатокот на кислород придонесол за извонредно зачувување на меката декорација на ткивото на главата и клунот.

Т. navigans имал необичен грб кој се спуштал сѐ до горната вилица, што може да се види на прекрасната палео-уметност.

URL

„Овој птеросаурус имал распон на крилјата над 2,5 метри и бил висок 1 метар (вклучувајќи го и грбот). Со толку висок украс на главата и релативно долгиот врат, ова животно можеби било ограничено на кратки летови“, вели Бекари за CNN.

Пред околу 115 милиони години, овие древни диносауруси можеби ја користеле својата способност да летаат за да избегаат од предатори преку небото над денешниот Северен Бразил, објаснува тимот. Нивниот лет бил поддржан од коска наречена нотариум.

Оваа коска е зглоб на првите торакални пршлени што ја зголемува отпорноста на виткање и напрегање на торзото предизвикано од размавтување на крилјата; присуството на нотариум потврдува дека птеросаурусот навистина бил способен да лета.

Споредувајќи го фосилот со претходно пронајдените остатоци, тимот се сомнева дека некои од разликите може да се должат на целосен диморфизам (каде припадниците на ист вид се разликуваат според пол) отколку постоењето на два различни вида како што претходно се мислеше.

URL

Сепак, ова бара дополнителни истражувања за да може да се потврди.

„Како и пауните, овие птици веројатно времето го поминувале јадејќи овошје од земја или користејќи го долгиот врат за да дофатат храна од повисоките грмушки“, додава научникот.

Нелегалниот извоз на фосили како овој претставува голем проблем за Бразил. За среќа, полицијата го пронајде овој фосил пред да исчезне во светот на приватните колекционери. Така, научниците успеаја да го испитаат и да го споделат со светот ова древно чудо.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе