Пријава во МВР за заканите кон новинарите на ИРЛ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за нарушување на безбедноста на новинарите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

Пораките со заканувачка содржина се внимателно документирани и истите се од познати, но и анонимни профили на социјалната мрежа Twitter. Повод за овие закани е најавата на ИРЛ за новата епизода именувана како „Убиство во Тетово“ која се однесува на пожарот во модуларната болница што однесе 14 човечки животи, а премиерно ќе се емитува во недела, соопшти ЗНМ.

„Информираме дека со измените на Кривичниот законик, за кои се залагаше ЗНМ, а кои стапија на сила во февруари оваа година, загрозување на сигурноста на медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело каде што МВР и ОЈО имаат обврска да постапуваат по службена должност против сторителите. Казните за оние кои ја загрозуваат сигурноста како и за оние кои предизвикуваат чувство на несигурност или страв на новинарите, се парични казна или затвор до една година. Доколку пак, поради овие закани новинарите се предмет на физички напад казните за напаѓачите се повеќе години затвор.

Бараме од МВР со внимателност да ги истражи заканувачките пораки кон новинарите на ИРЛ, а кон оние профили кои се познати од страна на истражните органи да бидат повикани корисниците на распит и да се преземат соодветни мерки против нив.

Потсетуваме дека Основниот кривичен суд веќе има позитивна судска пракса со условни казни затвор кон сторители кои претходно имаат објавувано заканувачки пораки на социјалната мрежа Facebook, а по претходни пријави од страна на ЗНМ“, стои во соопштението.

Редакција | Убиство во Тетово | Тизер | ИРЛ

Чудни околности го следат целиот тек на предметот. Замрсени тендерски постапки, контрадикторни вештачења, педесетина сведоци, завидна документација. До сега видовме сé, освен вистината. Гледајте ја најновата епизода на ИРЛ, „Убиство во Тетово“ за пожарот во модуларната болница што однесе 14 човечки животи. На 13.08, во 20:15ч. на МРТ1 и на нашиот YouTube канал. Rrethanat e çuditshme ndjekin të gjithë rrjedhën e lëndës. Procedura të paqarta të tenderimit, ekspertiza kontradiktore, mbi pesëdhjetë dëshmitarë, dokumentacion i lakmueshëm. Deri tani kemi parë gjithçka, përveç të vërtetës. Shihni episodin më të ri të IRL, “Vrasje në Tetovë” për zjarrin në spitalin modular që ka marrë 14 jetë njerëzish. Në 13.08 në ora 20:15 në RTVM1 dhe në kanalin tonë në Youtube.

Posted by Investigative Reporting Lab Macedonia on Friday, August 11, 2023
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе