Пристигнува прва пратка вакцини од рускиот производител Спутник V

Во земјава денеска со специјален транспорт преку компанијата DHL треба да стигне првата пратка вакцини против COVID-19, кои Министерството за здравство ги купи од рускиот производител Спутник V.

Вакцините ќе ги пречекаат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин на меѓународниот аеродром во Скопје.

Вакцините, кои се наменети за 3.000 граѓани, се во соодветно пакување, ладен ланец, со запазување на температурите.

-Ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од -18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е спремна. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје, изјави министерот Филипче.

Од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога. Од Спутник V се очекуваат 200.000 дози или со оние од AstraZeneca вкупно 2.200.000 вакцини треба да стигнат во земјава. Вакцинацијата веројатно ќе почне в среда, најави министерот Филипче.

Во земјава бројот на пациенти заразени со COVID-19 и натаму е во пораст. Во изминатото деноноќие се направени 3.701 тестирањe, а регистрирани се 722 нови случаи со COVID-19. Зголемен број на пациенти има во Скопје, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Битола… Оздравени се 186 лица, од кои 50 се во Скопје. Починати се девет лица, сите во болнички услови.

Досега во државата се направени вкупно 540.725 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.

Од Министерството за здравство информираат дека има слободни болнички кревети, а сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од COVID-19, велат дека ја следат состојбата и засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но не ја исклучуваат можноста и на почеток на следната недела ќе го кажат ставот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе