ЛИГ 1 2020/21

ПСЖ пак загуби, Нејмар збесна: Жалам што не му ја бапнав една по глава

Бразилската ѕвезда тешко се помири со црвениот картон и поразот од Олимпик Марсеј, па твитна дека жали што не го удрил Алаваро по главата за да го заслужи црвениот бидејќи бил цел на расистички навреди.

Нов пех за Пари Сен Жермен се случи синоќа откако „Светците“ загубија и на вториот натпревар од новата сезона, сега од Марсеј со минимални 0:1.

Remote video URL

Нејмар излезе од карантин и се врати на зелениот терен, но сега повторно ќе мора да паузира. Турканици и тепачки имаше во 6. минута од судиското надополнување по што главниот судија исклучи по двајца играчи од секоја екипа, а дополнително црвен доби Нејмар по интервенција на ВАР бидејќи неговиот удел во тепачката судијата не го виде.

URL

Долго по натпреварот Нејмар не се излади, па ноќта твиташе.

„Единственото нешто за кое жалам е тоа што не му ја бапнав една по глава на тој кретен“, напиша Нејмар на Twitter. Тој всушност го удри со раката по тилот, па сега жали што не го мавнал многу подобро и посилно.

URL

„ВАР го регистрираше моето 'агресивно' однесување... а што е со расистичките навреди и тоа ме нарекоа 'КУ*ВИН МАЈМУНСКИ СИН'... каде е тоа! И? Лесно е да ме казните мене, а што е со другите?“, праша јавно Бразилецот.

URL

Сите тепачи ги чека дебела казна, вклучително и Нејмар, Лиг 1 секако ќе го испита и обвинувањето за расизам.

Тагови
реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе