Пуштен во употреба бројот за итни повици 112

Од денеска во Република Северна Македонија започнува да функционира линијата за итни повици 112 како единствен повикувачки број кој важи на целата територија на Европската Унија.

Наместо досегашните 192, 193, 194 и 195, односно полиција, брза помош, противпожарна единица или Центарот за управување со кризи, граѓаните со едноставно вртење на 112 можат да ја добијат која било услуга, односно доколку имаат каков било итен случај и потреба од државата.

За почеток, телефонскиот број 112 ќе функционира само на територијата на Скопје. Откако ќе се тестира системот, по десеттина дена ќе започне со работа и на територија на цела држава бидејќи се работу за комплексен систем што во себе обединува неколку различни субјекти, министерства, противпожарните единици коишто со Устав се децентрализирани односно се во надлежност на самите општини и итната медицинска помош.

– На единствениот повикувачки број граѓаните ќе добиваат услуга без разлика за каква опасност се работи. Нашиот оператор во реално време веднаш ја гледа локацијата од којашто го добива повикот без разлика дали се работи за фиксна телефонска линија или мобилна телефонска линија. Со внесување на податоците во системот во компјутерот со стискање на едно копче истовремено овие информации одат на трите места и во полиција, и во брза помош и во противпожарна единица со што во иднина на граѓаните ќе им биде олеснето, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната промоција на линијата за итни повици.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски најави дека системот ќе започне со работа во осум оперативни центри, покрај Скопје тој ќе функционира и во Тетово, Куманово, Велес, Штип, Струмица, Охрид и Битола, сите опремени согласно европските директиви за оваа намена.

– Вработените во овие центри се оперативци обучени да примаат повик и да воспостават комуникација со лица со различна попреченост, во согласност со врвниот принцип на поврзување меѓу луѓето на кој им е потребна итна помош преку оперативните служби, со пружање помош како највисок приоритет, вели Ковачевски.

Евромбасадорот Дејвид Гир во своето обраќање истакна дека убавината на овој број е во едноставноста. Со вртење на бројот 112 можат да се добијат сите служби што се потребни во итни случаи.

– 112 е бројот што спасува животи. Кога ќе го направиме оперативен овој број во државата, тоа со себе бара огромна соработка помеѓу сите институции. Особено сум горд што ЕУ помогна во воспоставување на систем што може да помогне во системот на спасување животи, додаде Гир и додаде дека потребно е да се направи голема кампања со цел промоција и информирање на овој број.

Телефонските броеви 192, 193 или 194 ќе продолжат да функционираат најмалку една година и доколку граѓаните ги повикаат овие броеви, Ангелов вели дека ќе ја добијат потребната услуга. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе