ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА / ПОЛСКА 2023

Ракометарите го средија Мароко - со Јужна Кореја ќе играат за 27. место

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва забележа убедлива победа над една од најслабите учеснички на Мундијалот во Полска и Шведска.

По водечкиот гол на Мароканците нашите ракометари полека ја преземаа контролата над резултатот и првото полувреме го завршија со водство од 6 голови разлика, 18:12.

По паузата водството се зголемуваше откако Мароко заглави на 12 голови, а Македонија дојде до +12 (24:12). Потоа некое време резултатот се движеше од 10 до 12 разлика, за на крајот Македонија да ја запише втората победа на овој Мундијал со вкупни 40:25.

Најефикасни на паркетот во Плоцк беа Филип Кузмановски и Мароканецот Мохамед Захер со по 8 голови, еден помалку постигна Петар Атанасијевиќ, додека по 6 постигнаа Ненад Костески и Мартин Серафимов.

Со оглед на што Тунис, како и што се очекуваше, претходно денеска го победи Алжир (30:25) - го завери првото место во групата 2, па Македонија како второпласирана се избори за разигрување за пласман на 27 место. Овој натпревар ќе се игра в среда од 18 часот, а противник ќе ни биде Јужна Кореа, која исто така заврши како втора во другата група 1, зад Чиле, а пред Саудиска Арабија и Уругвај.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе