НФЛ СУПЕРБОУЛ LVI

Рамс во трилер завршница ги совладаа Бенгалс во најголемиот натпревар на американскиот спорт

Лос Анџелес Рамс го освоија 56. Супербоул кој се играше на нивниот стадион победувајќи ги Синсинати Бенгалс со 23:20 во возбудливо финале.

Тоа беше победа на фаворитите извојувана на најтешкиот можен начин, буквално во последниот напад. Искуството и врвниот квалитет на Рамс беа за момент посилни од младоста и потенцијалот на Бенгалс. Доминираа Купер Куп и Арон Доналд.

Одлична игра прикажа Рамс веќе во својот втор напад, кога Метју Стафорд го пронајде Одел Бекам Џуниор за тачдаун од 17 јарди.

URL

Бенгалс намалија на 7:3 по голот од поле на Еван МекФрсон, а на сето тоа му претходеше одлично додавање на Џо Бароу на 46 јарди од Џа'Мар Чејс.

„Овните“ стигнаа до 13:3 по првата голема соработка помеѓу Стафорд и неговиот прв фаќач и најдобар во лигата сезонава, Купер Куп.

„Бенгалците“ намалија на 13:10 во средината на втората четвртина по одличната трик акција во која додавач беше тркачот Џо Миксон, а топката ја фати Ти Хигинс. Со тој резултат се замина на паузар, а Шон МекВеј го загрижи повредата на досега многу расположениот фаќач Одел Бекам.

Второто полувреме почна одлично за Бангалс кои направија брз тачдаун од една контроверзна акција, а потоа додавањето на Стафорд го прекина Чидобе Авузие. На крајот од таа акција и по голот од поле, Бенгалс поведоа со 20:13.

URL

Во последната четвртина тимот од Синсинати влезе со водство од 20:16. Сè се сврте за минута и пол пред крајот по тачдаунот на Купер Куп во напад во кој најдобриот офанзивец на сезоната имаше неколку индивидуални подвизи.

Одличнииот Џо Бароу имаше нешто повеќе од една минута да направи чудо, но тоа за жал на Бенгалс тоа не се случи. Половина минута пред крајот Арон Доналд го собори Бароу и славјето на домаќините можеше да започне.

Американската химна пред натпреварот ја пееше кантри ѕвездата Мики Гитон. Во спектаклот на полувремето воодушевија и Др. Дре, Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ, Кендрик Ламар, Шон Форбс и Ворен Снајп.

NBC, сопственикот на правата на овој најголем американски настан, го продаде просторот за дури 7 милиони долари за 30 секунди реклами.

Тагови
реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе