УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Реал со добра предност над Челси, Милан - Наполи ќе се одлучува на реваншот

Милан ќе патува со минимална предност во Неапол, додека Реал Мадрид во Лондон ќе брани водство од два разлика.

Челси можеше рано да поведе кога во 2. минута Канте го проигра Жуау Феликс кој самиот тргна кон голот, но Милитао го стигна, по што ударот на Португалецот го одбрани Куртоа.

Реал возврати во 12. минута преку Бензема кој шутираше откосо, но Кепа беше на место. Сепак, десет минути подоцна „Кралевите“ дојдоа во водство. Винисиус шутираше, Кепа кратко ја одби топката, но само во подножјето на Бензема, кому не му беше тешко да погоди од непосредна близина за 1:0.

Веднаш штом тргнаа од центар, гостите можеа да израмнат. Стерлинг шутираше од пет метри, но Куртоа чудесно одбрани и на паузата остана 1:0.

Во продолжението прв се закани Реал во 50. минута. Бензема одигра повратна топка за Модриќ, кој шутираше од 16 метри, но топката прелета над гредата.

Клучниот детал на натпреварот се случи во 59. минута кога гостите добија црвен картон. Родриго му побегна на Бен Чилвел кој го собори како последен играч во одбраната и заслужено му беше покажан патот кон соблекувалната.

Актуелниот европски шампион ја искористи ситуацијата со играч повеќе во 74. минута. По една извонредна комбинација по корнер, Асенсио со прецизен удар од далечина го матираше Кепа за 2:0.

Реал до крајот рутински го задржа водството и веќе со едната нога е во полуфиналето од Лигата на шампионите, каде го чека подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Баерн.

Remote video URL

Италијанското дерби во четвртфиналето на Лигата на шампионите понуди многу, од возбуда до драма на теренот. Иако немаше многу голови, неутралните гледачи имаа што да видат.

Првото полувреме може да се подели на два дела. Првиот дефинитивно му припадна на Наполи кој тргна бурно од првата минута.

Веќе во 50-тата секунда Наполи ја имаше најдобрата шанса на натпреварот. Кон голот шутираше Хвича Кварацхелиа, а иако голманот Мајк Мањан веќе беше на подот, Раде Круниќ и домашниот капитен Давиде Калабриа ја растистија топката од самата линија.

Гостите напаѓаа уште дваесетина минути, но голманот Мањан беше одличен. По половина час игра следеше подобра игра на Милан.

На „Росонерите“ им требаше половина час да ја добијат првата шанса, која беше одлична. Рафаел Леау истрча со топката повеќе од 50 метри, стигна до голот, но шутираше покрај стативата на гостите.

Тоа беше вовед во 40. минута која донесе гол за „Росонерите“. Исмаел Беннасер наиде на топката по левата страна и ја заби во мрежата на гостите. Претходно одлично беше проигран од Брахим Диас, кој повлече контранапад.

Во последните моменти од првото полувреме Милан ја погоди гредата преку Симон Кјер. Со резултат 1:0 се заминана на пауза.

Како и во првото полувреме, Наполи и во продолжението тргна офанзивно. Џовани Ди Лоренцо со глава ја погоди пречката за отворање на вториот дел.

Додека Наполи напаѓаше, Милан имаше простор за контри. Тоа му донесе два жолти картони на Андре Замбо-Ангиса. Првиот фаул го направи во 71. минута, а потоа само четири минути подоцна и вториот, оставајќи го тимот на Наполи во тешка ситуација.

Играњето со човек плус донесе добра шанса и за Круниќ, кој во 77. минута шутираше од работ на шеснаесетникот, но топката помина покрај голот.

До крајот на натпреварот Милан сигурно ја чуваше топката со играч повеќе, се обидуваше да дојде до втор гол без претерано инсистирање, што не му успеа, па во реваншот оди со предност од еден гол.

Нашиот Елиф Елмас се најде во почетниот состав на Лучано Спалети и тоа како напаѓач на местото на повредениот Виктор Осимхен. Го одигра целиот натпревар, но не влезе во добра шанса, а имаше еден обид кога со глава за малку не постигна гол.

Remote video URL

Натпреварот во Неапол се игра следната недела (вторник) и нема дилеми дека на реваншот пред преполни трибини на стадионот „Диего Армандо Марадона“ нѐ очекува вистински спектакл.

Последен пат кога Милан играше во полуфиналето на Лигата на шампионите, ова натпреварување го освои во 2007 година со победа над Ливерпул. Победникот од овој дуел оди на победникот од дуелот Бенфика - Интер, каде „Нераѕурите“ имаат два гола предност од мечот во Лисабон (0:2).

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе