ЛА ЛИГА 2023/2024

Реал вината за дерби поразот ја најде во судиите

Макфакс/Кајгана
/ 25.09.2023 / 20:37

По 3:1 поразот во мадридското дерби, од Реал Мадрид се пожалија на три судиски „грешки“ во текот на натпреварот, иако тренерот Карло Анчелоти изјави дека тој е одговорен.

Преку официјалната телевизија RMTV, клубот ги критикуваше одлуките на судијата Алберола Рохас во дербито, сметајќи дека направил три големи грешки – фаулот на Џуд Белингам пред првиот гол на Атлетико, остриот старт на Хосе Мариа Хименес кој не беше казнет со црвен картон, и играњето со рака на Марио Ермосо во шестнаесетникот.

„Тоа беше гол кој мораше да биде поништен. ВАР не ги разгледа снимките. Имаше јасен фаул во корист на Реал Мадрид. Засрамувачки е што тоа не беше досудено и без ВАР. Се работеше за одлучувачка игра, а ВАР судијата Гиљермо Куадра Фернандес требаше да го прекине мечот. Тој гол го постави риттамот на игра. Судењето на Алберола Рохас беше засрамувачко и го реши натпреварот. Реал Мадрид требаше да има 2:2 на полувреме, а Атлетико да биде со играч помалку“, се вели во коментарот.

Remote video URL

Од друга страна, Анчелоти изјави дека резултатот е негова одговорност.

„Кога губите со 3:1 од градскиот ривал, тогаш е сосем нормално како тренер да преземете одговорност. Тоа е најмалку што можам да направам. За ова виновни не се играчите, туку е мој неуспех. Така треба да се гледа на ситуацијата“, е дел од изјавата на Анчелоти.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе