Рецепт на денот: Роловани стекови полнети со кашкавал и домат

Ако сакате да направите ручек кој на сите ќе им се допаѓа, тогаш наш предлог е роловано бело месо полнето со кашкавал и домат.

Од идеи за ручек никогаш не е доста, а пилешки стекови и печени компири никој нема да одбие. Овие две намирници можете да ги подготвите на безброј начини, а овој пат ви носиме совршен рецепт за роловано бело месо полнето со кашкавал и домати. Едноставно е за подготовка и не бара многу време, а вкусот е фантастичен.

Потребни состојки:

  • 700 гр пилешко филе
  • 1 лажица лук во прав
  • 150 гр кашкавал
  • 1 нишка магдонос
  • 1 домат
  • 80 мл грчки јогурт
  • 1 лажичка сенф
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Пресечете ги стековите на шницли, покријте ги со кеса и излупајте ги со чекан за месо. Посолете и побиберете ги, па посипете им лук во прав. Тргнете ги на страна за да го направите полнењето.

Кашкавалот изрендајте го, па додадете сечкан магдонот и домат. Сето тоа убаво измешајте го.

На средина на секое парче месо ставете лажица фил и ролајте. Затворете го месото со чепкалки и наредете ги парчињата во подмачкан огноотпорен сад. Измешајте јогурт и сенф и со добиената смеса премачкајте ги месата.

Печете во загреана рерна на 180°C околу 30 минути.

На видеото имате и бонус рецепт за салата со домат, краставица, црвен кромид, младо кромитче, бибер, сол и павлака, која одлично оди со стекови подготвени на ваков начин.

Remote video URL
реклама

Рецепти

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more
 

Магазин

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе