ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА / ПОЛСКА 2023

Романија и Чешка противници на ракометарите во мундијалските квалификации

Македонската ракометна репрезентација ја доби Романија за противник на стартот од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година, одлучи ЕХФ денеска со жрепка во Будимпешта.

Доколку избраниците на селекторот Кирил Лазаров бидат поуспешни во двомечот против Романија, противник во последната фаза за место на ракометниот Мундијал, што од 11 до 29 јануари идната година ќе се одржи во Полска и Шведска, ќе им биде репрезентацијата на Чешка.

Македонските ракометари ќе ги почнат мундијалските квалификации на домашен терен на 16 или 17 март, а реваншот е една недела подоцна во Романија.

Доколку „Црвено-жолтите“ ја минат првата пречка, воведниот натпревар против Чешка ќе го играат на гостински терен на 13 или 14 април, додека реваншот на домашен терен на 16 или 17 април.

Двојки за баражите:

1. коло

Украина – Финска
Италија – Словенија
Португалија – Швајцарија
Австрија – Естонија
Грција – Босна и Херцеговина
Македонија – Романија
Израел – Литванија
Словачка – Белгија
Фарски Острови – Белорусија

2. коло

Украина/Финска – Хрватска
Италија/Словенија – Србија
Португалија/Швајцарија – Холандија
Австрија/Естонија – Исланд
Грција/Босна и Херцеговина – Црна Гора
Чешка – Македонија/Романија
Израел/Литванија – Унгарија
Русија – Словачка/Белгија
Германија – Фарски Острови/Белорусија

Актуелниот светски шампион Данска заедно со кодомаќините Шведска и Полска од претходно имаат обезбедено место на Мундијалот, а ним неодамна им се придружија и Шпанија, Франција и Норвешка преку нивниот пласман на ЕУРО 2022.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе