Русија пред Советот за безбедност на ОН ја обвини Украина дека планира да употреби валкана бомба

Русија пред Советот за безбедност на Обединетите нации ја обвини Украина дека се подготвува да употреби „валкана бомба“, експлозивна направа што содржи радиоактивен материјал, и поради тоа изрази загриженост на состанокот зад затворени врати.

– Ние сме прилично задоволни затоа што ја подигнавме свеста. Не ми пречи ако луѓето кажат дека Русија крева лажна тревога ако тоа не се случи бидејќи ова е ужасна, ужасна катастрофа што потенцијално ѝ се заканува на целата Земја, изјави заменик-амбасадорот на Русија во ОН, Дмитриј Пољански.

Русија го обвини Киев дека им наредил на две организации да произведат валкана бомба, но Москва не обезбеди докази за тоа.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, во понеделникот испрати писмо до Обединетите нации во кое ги разјасни обвинувањата.

– Не видовме ниту слушнавме никакви нови докази, изјави заменик-амбасадорот на Обединетото Крластво во ОН, Џејмс Кариуки, наведувајќи ги „очигледно лажните обвинувања на Русија“.

– Ова е чиста руска дезинформација што ја видовме многу пати досега и треба да престане, додаде Кариуки.

На новинарско прашање за доказите со кои Русија ги поткрепува нејзините тврдења, Пољански рече дека тоа се разузнавачки податоци што ги споделила со Западот.

Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) се подготвува да испрати истражители во наредните денови на две локации во Украина на барање на Киев, како одговор на руските тврдења за валкана бомба.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори обвинувајќи ја Русија дека таа планира таков напад.

Западните земји, исто така, ги отфрлија руските наводи како обид за ескалација на осуммесечната војна.

Дискусијата во Советот за безбедност беше прва од трите состаноци кои Русија ги побара оваа недела.

Русија побара советот денеска да биде информиран за мандатот на генералниот секретар на ОН, Антониу Гутереш кон резолуцијата од 2015 година, со која беше одобрен иранскиот нуклеарен договор. Москва го поднесе барањето откако Украина и западните сојузници ја обвинија Русија дека користи ирански дронови во Украина, што ја крши резолуцијата, и побара од Гутереш да спроведе истрага.

Советот, исто така, треба да се состане и утре поради руските обвинувања дека има „воени биолошки програми“ во Украина. САД и нивните западни сојузници, од друга страна, ја обвинија Русија за ширење пропаганда, дезинформации и „глупости“ кога последен пат говореше за тоа во Советот за безбедност.

реклама

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Read more

Колку ќе платите за кафе, храна и сладолед на одмор во Грција?

Read more

5 летни салати  - идеален избор за во жешки денови

Read more

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Read more

Свет

НАТО ѝ се закани на Кина

Read more

Дали Украина ќе го принуди Путин на примирје?

Read more

Путин по 23 години оди во посета на Северна Кореја

Read more

Синот на Нетанјаху oд Флорида ја нападна израелската армија, спомна и предавство

Read more
 

Вести

Левица: Тарифата на нотарите енормно зголемена

Читај повеќе

Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст

Читај повеќе

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Читај повеќе

Тешко повредена скопјанка при судир меѓу мотоцикл и електричен тротинет

Читај повеќе

Повторно ќе биде сослушан осомничениот за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Општина Карпош поставува „репелент“ за спречување на појава на змии

Читај повеќе

Од четврток активно портокалово ниво за опасност од високи температури во Македонија

Читај повеќе

Објавен потесниот круг за регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“

Читај повеќе

Платформата за родова еднаквост за двојното убиство во Кратово: Станува збор за самоодбрана

Читај повеќе